Македонскиот и европскиот ракометен првак Вардар ги испрати во изолација играчите откако неколкумина од нив добиле позитивни тестови по враќањето од Полска каде што беше одигран дуел од Лигата на шампионите против Киелце.
Во Вардар велат дека еден ракометар се пожалил на покачена телесна температура и добил позитвен тест. Не го соопштуваат неговто име, ниту пак соопштуваат бројка за тоа колку всушност играчи се позитивни. Клубот само информира дека по иницијалниот позитивен тест, било направено тестирање на сите ракометари и неколкумина од нив добиле потврда дека се заразени со Ковид-19.
Екипата оди во изолација. Информирана е ЕХФ и одложен се дуелот на Вардар против Пари Сен Жеремен кој беше предвиден за 1. декември. За натпреварот ќе биде одреден нов термин во координација со двата клуба.
Инаку првичната информација за позитивните случаи во Вардар ја објави Киелце кој најави изолација на тимот откако од Скопје му стигнала веста за заразените во македонскиот состав. Вардар и Киелце одиграа два натпревара, вториот пред два дена.