Вардар лесно до пласман во финалето на СЕХА

Од:

Европскиот и регионален ракометен шампион, Вардар оствари лесна победа против Мешков Брест со 33-24 (17-14) во полуфиналето на СЕХА лигата, кое се одигра во „СЦ Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ одиграа силен натпревар, а противникот имаше сили само во првите десетина минути од мечот. Во второто полувреме ја одржуваа предноста за конечен триумф од плус девет.

Најефикасен кај македонскиот тим беше Лука Циндриќ, кој постигна шест гола, додека Вуко Борозан постигна пет. На голот Арпад Штербик беше одличен со цели со 20 одбрани. Кај Мешков Баранау постигна девет гола.

Екипата на Раул Гонзалез е на пат да стане прв со четири титули во СЕХА, и втор тим што успеал да слави две сезони по ред во натпреварувањето.

Во финалето „црвено-црните“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу ППД Загреб и Целје кое почнува во 20:15 часот.

ФОТО: РК Вардар

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он