Вардар избори место во четвртфиналето на СЕХА

Од:

Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа попладнево српска Металопластика со 26:23 (14:11) и со две победи над екипата од Шабац обезбедија пласман во четвртфиналето од овогодишното издание на регионалната СЕХА лига.

По вчерашниот триумф над истиот противник од 39:31, македонскиот шампион рутински го заокружи двомечот во Скопје и за пласман меѓу четирите најдобри екипи во СЕХА лигата за противник ќе го има хрватскиот првак ППД Загреб.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер, во четвртфиналето за противник го има белорускиот шампион Мешков Брест.

Домаќин на фајнлфорот сезонава во регионалната ракометна лига, во која Вардар 1961 пет пати досега го освојуваше трофејот, ќе биде хрватскиот град Задар, од 3 до 5 септември.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он