Финалистот на Еврокупот, екипата на Валенсија ќе ја добие специјалната покана за настап во кошаркарската Евролига која е со важност од две години, пишуваат шпанските медиуми.
Единствен услов кој Евролигата и го поставил на Валенсија е што поскоро да обезбеди сала со капацитет од 12 илјади гледачи.
Доколку се исполнат овие најави и Валенсија ја добие вајлд картата, Шпанија во најквалитетното европско клупско кошаркарско првенство ќе учествува со пет екипи, со оглед на тоа што во Евролигата веќе играат Реал Мадрид, Барселона, Уникаха и Лаборал.