Ваков меч НБА не видела 55 години, Јокиќ во главна улога

Од:

Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, одигра натпревар каков во САД не е виден од 1968 година. Србинот со брутална партија го предводеше Денвер до победата над Шарлот 119:115. Токму Јокиќ од линијата за слободни фрлања, на 13 секунди до крајот ја потврди победата на Денвер.

Јокиќ, против Шарлот одигра 40 минути, во тој период забележа 40 поени, 27 скока и 10 асистенции. За него ова беше петти трипл-дабл во сезоната, 81.во кариерата.

Јокиќ стана првиот кошаркар по Вилт Чембрлен во март 1968 година со трипл-дабл со најмалку 40 поени, 25 скока и 10 асистенции.

Во историјата сличен трипл-дабл имаше само Елџин Бејлор со 52 поени, 25 скока и 10 асистенции во 1961 година.

Центарот на Денвер голема помош доби од Кантевиус Колдвел-Поуп со 20 поени, Арон Гордон постигна 19 со 10 скока, додека Брус Браун додаде 16.

Хорнетс ги предводеше Ламело Бол со 31 поен со по 5 скока и асистенции, Кели Убре постигна 16, а Гордон Хејворд постигна 15 со 10 скока.

Изминатата ноќ, индивидуално ја обележаа и Џордан Пул, односно Кевин Дурент. Двајцата постигнаа по 43 поени.

Бруклин победија во Детроит со 124:121. Дурент 26 од своите 43 поени постигна во првата четвртина, во која комплетниот тим на Детроит уфрли 25 поени. На Дурент му се приклучи Кајри Ирвинг со 38 поени. Кај Детроит се истакна со 26 поени.

Актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс славеа во Торонто со 126:110. Во отсуство на Стеф Кари, Џордан Пул ги предводеше Вориорс со 43 поени.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач во глава

Горан Наумовски

Никола Јокиќ го освои првото место во трката за МВП наградата

Никола Јокиќ го собори рекордот на Ден Ајзел

Јокиќ, Пикси, академици и доктори: Над 2.000 познати се потпишаа за „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“

Предраг Петровиќ

Никола Јокиќ: Стагнираме, одбраната ни е лоша

Горан Наумовски

Никола Јокиќ нема да игра за Србија на Мундобаскетот