Никола Јокиќ нема да игра за Србија на Мундобаскетот

Од:

Челниците на Кошаркарскиот сојуз на Србија со денови го убедувале Никола Јокиќ, а во акцијата бил вклучен и Богдан Богдановиќ кој е нов капитен на српската репрезентација. Сепак, немало успех, бидејќи одлуката на Никола Јокиќ летово да не игра за репрезентацијата била конечна. Со ова се зголемува бројот на играчи кои ги пропуштаат обврските во репрезентацијата – Владимир Лучиќ е повреден, Никола Калиниќ побара пауза поради многуте повреди, а најверојатно нема да го облече репрезентативниот дрес ниту Василије Мичиќ кој од Европа се сели во американската кошарка.

Официјално, селекторот Светислав Пешиќ во понеделник попладне ќе го објави списокот со играчи на кои смета за Мундобаскетот, но по бројните „откажувања“ се поставува прашањето на каков резултат може да се надева репрезентацијата. Огромен хендикеп ќе биде отсуството на тројца или дури четворица кошаркари кои беа планирани за стартната петорка на репрезентацијата за време на Светското првенство.

Покрај новиот капитен Богдан Богдановиќ, во тимот се очекуваат играчи како Немања Недовиќ, Марко Гудуриќ и Алекса Аврамовиќ, додека централна фигура во рекетот треба да биде Никола Милутинов. Во поширокиот список на селекторот би можеле да се најдат и Алексеј Покушевски, Никола Јовиќ, Дејан Давидовац, Вања Маринковиќ, Огњен Јарамаз, Огњен Добриќ, Ален Смаилагиќ, Филип Петрушев, Лука Митровиќ, Душан Ристиќ, Урош Трифуновиќ, Данило Маринковиќ, Баљушаи, Јован Новак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач во глава

Горан Наумовски

Никола Јокиќ го освои првото место во трката за МВП наградата

Никола Јокиќ го собори рекордот на Ден Ајзел

Јокиќ, Пикси, академици и доктори: Над 2.000 познати се потпишаа за „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“

Предраг Петровиќ

Никола Јокиќ: Стагнираме, одбраната ни е лоша

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски