Вајлдер го нокаутираше Ортиз во десеттата рунда

Од:

Американецот Дионтеј Вајлдер седми пат ја одбрани титулата во верзија ВБЦ во супертешка категорија, откако го нокаутира Луис Ортиз во десетата рунда на нивниот натпревар. Така Вајлдер ја освои 40-тата победа во професионалниот ринг.

Триесет и две годишниот боксер почна претпазливо, а во седмата рунда во последен момент беше спасен од гонгот, кога доби силна серија удари од противникот. Потоа шампионот го наметна својот стил и во десеттата рунда судиите го прекинаа натпреварот.

Триесет и осум годишниот Ортиз дозволи прв пораз кај професионалците и ја пропушти можноста да стане првиот Кубанец со светска титула на професионалниот ринг.

Најверојатно следен дуел на Дионтеј Вајлдер ќе биде против победникот од средбата меѓу Ентони Џошуа и Џозеф Паркер. Двајцата носители на шампионски појаси ќе се борат на крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ