Утре во Москва ќе се одржи долго очекуваниот меч за титулата во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Александар Поветкин.
За Кличко ова ќе биде 64-то влегување во професионалниот ринг и досега има 60 победи од кои 51 со нокаут.
Поветкин е непоразен на 26 натпревари.
Долго очекуваното соочување на двајцата боксери беше договорено во текот на летото и влезници за мечот на деценијата како што многумина го нарекуваат овој дуел одамна нема.
Програмата на Олимпискиот стадион во Москва стартува од 21 часот со пред борбата меѓу Јово Пудар и Руслан Чагаев, а веднаш потоа ќе почне мечот Кличко – Поветкин.