Успешен старт на македонските ракометари на турнирот во Брашов

Од:

Две машки екипи од Националната Спортска Академија, до 18 и до 16 години, денеска со победи го отворија настапот на меѓународниот турнир во Брашов, Романија.

Селекцијата до 18 години оствари триумф над Пјатра Неамт од 27:20, додека помладите ракометари (до 16 години) славеа победа над Маи Плоешти со 18:16.

Во текот на денешниот ден вкупно седум селекции од Македонија ќе играат натпревари.

– Ова се многу значајни натпревари за овие млади момци и девојки. Меѓународното искуство секако дека има големо значење за развојот на нивните кариери, а на вакви натпревари со нови противници можеме и ние подобро да увидиме како напредуваме и на што во иднина повеќе да се фокусираме. Забележувам уште на почетокот голема мотивација кај целата група. Наша цел е да одиграме максимално пожртвувано на сите средби и во што подобро светло да ја претставиме нашата земја, изјави за официјалната веб страна на РФМ, Љупчо Станковски, менторот на Академијата.

Меѓународниот турнир во Брашов, на кој учествуваат вкупно 40 екипи, трае до недела.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa