Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска забележаа победи во денешните мечеви од фјучерсите во Варна (Бугарија), односно Бол (Хрватска).
Ѓорческа во Варна со 2:0 (6:3 и 7:5) во сетови беше поуспешна од Украинката Надја Колб и се пласира во следната фаза. Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Габриела Табала од Романија.
На турнирот во Бол Стоилковска стигна до самата завршница во игра на двојки. Таа во тандем со Ана Опаренович од Словенија во полуфиналето ги победија Кинеските Шенг и Јанг.
Противнички во финалниот меч на Стоилковска и Опаренович ќе им бидат домашните тенисерки Мартина Башиќ и Тена Лукас.