Усеин Болт ќе мора да врати еден од неговите девет златни олимписки медали откако неговиот сонародник и тркач во штафета, Неста Картер беше тистиран позитивен на забранета супстанца.
Најдобриот атлетичар на денешницата формално не е веќе сопственик на рекордот со по три златни медали од три последователни Олимписки игри.
Болт е апсолутен победник на спринт трките од последните три Олимписки игри, победувајќи на трките на 100 и 200 метри, како и на штафетната 4 по 100 метри.
Јамајканците сепак ќе мора да ги вратат медалите освоени на Олимписките игри во 2008, а тимот од Тринидат и Тобаго се нови освојувачи на златото.