Урош Луковиќ го напушти Куманово

Од:

Најкорисниот кошаркар во досегашните осум кола од Првата македонска кошаркарска лига, центарот Урош Луковиќ одлучи да ја заврши соработката со својот досегашен клуб Куманово.

Високиот центар заминува од клубот во кој мина три сезони со мал прекин и во кој доживеа комплетна афирмација како кошаркар.

Само една недела откако раководството на Куманово реши да ја прекине соработката со неговиот татко, тренерот Љубисав Луковиќ, кумановчани останаа, без својот најдобар играч сезонава Урош Луковиќ, кој неочекувано одлучи да тргне по стапките на својот татко и да го напушти македонскиот вицешампион.

Како следна дестинација на Урош Луковиќ се споменува македонскиот шампион МЗТ Скопје , Партузан од Белград, како и неколку екипи од Катар.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос