Уникс Казан со голем пресврт до Евролигата

Од:

Кошаркарите на рускиот тим Уникс Казан успеаја да обезбедат место во елитното натпреварување Евролига, откако синоќа направија голем резултатски пресврт и ја победија француската екипа Асвел Вилербан со 88:79.

По рамноправната игра во првата четвртина која заврши со минимална предност од 22:20 за Уникс, Французите одиграа одличен втор период во кој постигнаа 33, а примија само 17 поени и на полувреме отидоа со позитива од 14 поени.

Само десет минути му требаа на Уникс да ја анулира предноста на Асвел и пред почетокот на последната четвртина се тргна од нула – 64:64.

Руската екипа во последните десет минути беше поефикасна, постигна 24 наспроти 15 поени на Асвел за конечен триумф вреден Евролига.

Џејмс Вајт со 21 и Дор Фишер со 18 поени беа најефикасни во победничкиот состав, а кај Асвел најефикасен беше Дејвид Андерсен со 24 поени.

Уникс Казан ќе игра во А групата од Евролигата заедно со Реал Мадрид, Анадолу Ефес, Жалгирис, Нижњи Новгород и Динамо Сасари.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска