Втората полуфинална двојка од квалификациите за кошаркарската Евролига ја сочинуваат екипите на Уникс Казан и Хапоел Ерусалим.
Синоќа во четвртфиналето Уникс го победи Стелмет со 90:86 (23:13, 23:19, 18:22 и 26:32).
Претходно Хапоел беше поуспешен од Нимбурк со 94:84 (24:21, 24:18, 24:17 и 22:28).
Во вторникот место во полуфиналната фаза обезбедија Асвел и Стразбур.
Вечер за финалето ќе се борат: Асвел – Стразбур (почеток 18 часот) и Уникс Казан – Хапоел Ерусалим (20:45 часот).
Квалификацискиот турнир се игра во белгискиот град Остенде.