Унгарецот Лајош Берец победник на 28-от Охридски атлетски маратон

Од:

Лајош Берец од Унгарија е победник на меѓународниот атлетски маратон што по повод Денот на независноста – 8 Септември традиционално се трча на патеката од Свети Наум до Охрид.

Берец, кој и минатата година триумфираше во Охрид, патеката долга 30 километри ја истрча за 1:42:28 часа.

Во женска конкуренција најуспешна е Ана Суботиќ од Србија, која на целта на Градскиот кеј во Охрид пристигна 2:03:54 часа од поаѓањето.

Најдобропласиран македонски маратонец е Кокан Ајановски од Скопје, кој со резултат 1:55:06 го постигна петтото место.

Независно од скромниот награден фонд, бројот на учесници на трката оваа година достигна над 80 маратонци, од кои 13 во женска конкуренција, што е повеќе од двојно во споредба со минатата година.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се одржуваше непрекинато 18 години, се до 1993 година. После прекинот повторно се одржува од 2004 година, а поради големата заинтересираност од општински и републички, Охридскиот маратон стана манифестација со меѓународен предзнак.

Инаку, најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со освоени пет први места, додека најредовен со најголем број учества на маратонот е Славчо Костоски со вкупно 14 настапи.

Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13 постигнат во 1993 година, а во женска конкуренција се уште рекордот го држи годинашната победничка Суботиќ со резултат од 1:55:23 постигнат пред четири години.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице