Укината суспензијата, Русија ќе игра на Евробаскетот 2015

Од:

Русија доби право да настапи на Евробаскетот 2015 откако и беше укината суспензијата од страна на ФИБА.

Забраната и беше воведена заради наводно мешање на политиката во спортот.
Ова за руските медиуми го потврди Павел Колобков, заменик-министер за спорт на Русија, по средбата со Централниот комитет на ФИБА во Токио.

– По долги и тешки преговори, ФИБА на крајот донесе одлука да ја укине суспензијата изречена пред извесно време. Со ова и дефинитивно Русија ќе настапи на претстојниот Европски шампионат, истакна Колобков.

Русија ќе биде дел од групата А на претстојниот европски шампионат, заедно со селекциите на Франција, Финска, Израел, Полска и БиХ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос