УЕФА го обвинила фудбалскиот сојуз на Русија поради недоличното однесување на руските навивачи, кои се снимени како се тепаат со редарите на стадионот по натпреварот на Европското првенство. Антирасистичките набљудувачи кои УЕФА ги поставила, рекле дека навивачите вербало го нападнале дефанзивецот на Чешка, Теодор Гебре Селаси.
„Ќе се покрене постапка поради настаните за време и по натпреварот од првото коло на ЕП против Чешка. Се работи за насилничко однесување, употреба на пиротехнички средства и користење на забрането транспаренти“, соопштила УЕФА.