УЕФА го казни Милан со 12 милиони евра за кршење на правилата за финансиски фер-плеј

Од:

Европската куќа на фудбалот го казни Милан со 12 милиони евра за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

Казната беше објавена еден ден по елиминацијата на Милан од групите на Лигата на Европа. 12 милиони евра ќе бидат одземени од паричната награда на Милан од наградниот фонд на турнирот.

Италијанскиот клуб нема право да пријави повеќе од 21 играчи за Европа во следните две сезони и се заканува и со вадење од евро турнирите за една сезона, ако не воспостави ред во финансиското работење до јуни 2021 година.

Санкцијата е поради потрошените огромни средства за нови играчи и плати во 2017 година, кои не одговараат на приходите на клубот.

Би можело да ве интересира

Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, „глумата“ на Тео Ернандез скапо го чинеше Милан

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Поранешниот играч на Феенорд, Сантијаго Хименез, кариерата ја продолжува во Милан

(ВИДЕО) Избегната тепачка меѓу тренерот и капитенот на Милан

А1он

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он