УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Од:

Европската фудбалска федерација му изрече казна на Фудбалскиот сојуз на Романија поради однесувањето на навивачите на таа селекција на натпреварот со Косово.

Следниот натпревар против Андора репрезентацијата на Романија ќе го игра пред празни трибини, тоа е одлука на УЕФА.

Веста за казната ја пренесе добро информираниот романски новинар Емануел Росу, а се уште се чека само официјалното соопштение на Европската фудбалска федерација во врска со овој случај.

Дел од романските навивачи на мечот со Косово развија транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“, а покрај таа парола ја истакнаа и пораката „Бесарабија е Романија“.

Поради ова натпреварот беше прекинат 50 минути.

Романија победи со 2:0 и продолжи да го трасира патот за Европското првенство следната година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он