УЕФА ги казни Баерн и Селтик

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги казни Баерн Минхен и Селтик поради навредливи навивачки транспаренти на натпреварите од Лигата на шампионите.

Навивачите на Баерн истакнаа транспарент со навредлива содржина во знак на протест поради цената на билетот од 70 евра што требаше да го платат, за гостувањето во Плзен против Викторија на 12 октомври.

Тоа е максималната цена според прописите на УЕФА што може да им се наплати на гостинските навивачи за натпреварите од Лигата на шампионите.

УЕФА го казни Баерн со 15.000 евра поради дисциплинска пријава за „провокативна порака од навредлив карактер“.

Селтик е казнет со 17.500 евра поради вториот дисциплински случај сезонава во кој нивните навивачи кренаа парола против британската монархија.

Транспарент што навивачите на Селтик го истакнаа на натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг на 11.октомври гласеше: „Против гладот и круната“.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн

Баерн ќе биде без Мусијала на гостување во Бохум