Училишни спортски лиги во Карпош

Од:

Основното училиште „Војдан Чернодрински” во Карпош доби нови игралишта за фудбал и кошарка на отворено, на кои денеска беа отворени Училишните спортски лиги, во организација на општина Карпош.

Како што информира општина Карпош, од денеска почнува системот на натпревари меѓу десетте основни училишта во четирите спортови: фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на отворањето порача дека подобрувањето на спортската инфраструктура има за цел да се подобрат условите во кои спортуваат најмладите, но и да се овозможат дополнителни услови за рекреација на сите граѓани.

– Во текот на летниот период се направија и нови терени за баскет и фудбал во „Јан Амос Коменски”, а се реконструираше и спортската сала. Со обновата на игралиштата продолживме и во „Петар Поп Арсов”, а реконструирани терени имаме и во Бардовци и Жданец, рече Богоев.

Од општина Карпош, информираат, дека во рамки на Европската недела на спортот во Карпош ќе бидат организирани повеќе спортски настани на различни локации.

Богоев, се вели во соопштението, напоменал дека со членството на Македонија во ЕУ и НАТО се отвораат нови можности за младите преку младинските програми на ЕУ, за јакнење на капацитетите во областа на спортот и размената на вештини и знаења со европските врсници.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира