Учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ ги победија општинарите манифестацијата „Гол, бол“

Од:

Денес во рамки на проектот „Спортуваме, другаруваме“ во училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ се одржа манифестацијата „Гол, бол“.

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов ги проследија активностите на децата, кои пред нив ги покажаа своите спортски способности. Тие играа гол бол со претставници од Општината. На ова натпреварување екипата на учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ ги победи општинарите, со резултат 15:10.

Воедно, секретарот Александар Алексовски и директорот Горанчо Јакимов зборуваа за потребите на децата од училиштето. Алексовски нагласи дека училиштето како и досега така и во иднина ќе има голема поддршка од Општината, на што Јакимов се заблагодари за истата и кажа дека преку успешната соработка со заеднички сили ќе се прават напори за подобри услови на децата кои се едуцираат во училиштето. Алексовски на децата вклучени во овие активности им подели маици и тренерки кои во иднина ќе ги носат на часовите по фискултура.

За потсетување, неодамна во рамки на истиот проект градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ги посети децата во специјалното училиште ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

На таа средба дечињата пред градоначалникот ги покажаа своите спортски вештини, кои со помош на своите наставнички успешно ги изведоа во холот на училиштето. На иницијатива на градоначалникот Темелковски следната година Општина Кисела Вода ќе го снабди училиштето со спортски реквизити со кои би се мотивирале децата повеќе да спортуваат и да го засакаат спортот. Градоначалникот на учениците им подели 120 маички на кои го пишува името на проектот „Спортуваме другаруваме“.

Општинскиот проект „Спортуваме другаруваме“ беше наменет за ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

Во декември во организација на Општина Кисела Вода ќе се одржи Новогодишен турнир „Streetball 2018“ на кој рекреативно баскет ќе играат вработени од институции и правни субјекти кои егзистираат нa територијата на општината. Победниците на овој турнир кој ќе играат по правила на ФИБА ќе добијат награди од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода