Убиен навивач на Црвена Ѕвезда во Истанбул

Од:

Во пресрет на мечот од Евролигата на Црвена Ѕвезда против Галатасарај, убиен е еден навивач на „црвено-белите“.

Како што пренесуваат српските медиуми, 25-годишниот навивач е од Земун, а прободен е смртно со нож во жестоката пресметка меѓу фановите на двата клуба што се случила непосредно пред мечот бо Истанбул.

Засега нема подетални информации за оваа навивачка трагедија, а полицијата во Истанбул трага по убиецот.

Околу 400 навивачи на Црвена Звезда, популарните „Делије“ допатувале во турската метропола и сакале да влезат во салата „Абди Ипекчи“ иако немале влезници. Тие се судриле со полицијата, но и со навивачите на Галатасарај.

Инаку натпреварот го доби Галата со 110:103 по 2 продолженија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос