Во кошаркарската Евролига во ТОП 16 фазата синоќа беше комплетирано 12. коло по кое Анадолу Ефес и Химки ги задржаа макар и теоретските шанси за пласман во четвртфиналето.
Убедлив и неочекувано висок триумф забележа Цедевита над Фенербахче, двоцирена победа оствари и Олимпијакос над актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Комплетни резултати од 12.коло од ТОП 16 фазата.
Е група: Локомотив Кубан – Црвена Звезда 86:62, Дарушафака – Панатинаикос 84:86. Цедевита – Фенербахче 89:59 и Анадолу Ефес – Малага 87:67.
Табела Е група: Фенербахче 10-2 (победи-порази), Локомотив Кубан 8-4, Панатинаикос 8-4, Црвена Звезда 7-5, Анадолу Ефес 6-6, Малага 3-9, Дарушафака 3-9, Цедевита 3-9.
Ф група: Лаборал – Барселона 75:71, Бамберг – ЦСКА 91:83. Жалгирис – Химки 71:76 и Олимпијакос – Реал Мадрид 99:84.
Табела Ф група: ЦСКА Москва 8-4, Лаборал 8-4, Олимпијакос 6-6, Химки 6-6, Барселона 6-6, Реал Мадрид 6-6, Бамберг 6-6, Жалгирис 2-10.