Убедлива победа за Карпош Соколи во Струмица

Од:

Екипата на Карпош Соколи ја постигна и втората победа во новото првенство од Првата кошаркарска лига откако вечерва на гостувањето славеше против Струмица со 79:55.

Домаќинот беше равноправен ривал само во првото полувреме кое го доби со 35:33. Во вториот дел домашната екипа постигна 20 поени (по десет во секој период), а гостите 46 што беше доволно за убедлива победа.

На првиот дуел од 2.коло Работнички во салата во „Градски парк“ ја победи екипата на Бест со 84:46. Прашањето на победникот беше решено во првата четвртина која домаќинот ја доби со 20:2.

Во тек е натпреварот во Гевгелија меѓу Кожув и Фени Индустри. Дербито на колото се игра во среда кога шампионот МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Куманово. Ова е всушност реприза на ланското финале од плеј офот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос