Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години со убедлива победа стартуваше на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Струмица. Вечерва Македонија ја победи Норвешка со 77:40 (22:9; 18:11; 24:11; 13:9).
Македонските кадети во текот на целиот натпревар имаа водство и сосема заслужено стигнаа до победата, прва во групата Б. Највисокото водство Македонија го имаше во 35.минута 75:33. Во нашата селекција Виктор Ефремовски со 20 поени беше најефикасен, додека Ненад Димитријевиќ имаше 13 асистенции.
Во рамки на првото коло од Б групата вечерва од 21 часот играат Грузија и Словенија, а Израел беше слободен. Следниот натпревар Македонија го игра во петок против Словенија.