Со убедливата победа на Реал Мадрид во дуелот против Олимпијакос со 83:65 синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига.
Тројца кошаркари во редовите на победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Серхио Љуљ кој средбата ја заврши со 22 поени, додека Лука Дончиќ постигна 11, а Џејси Керол 10.
Останатите натпревари од 1.коло на програмата се денеска и утре.
За денеска закажани се средбите:
Галатасарај – ЦСКА Москва,
Милано – Макаби Тел Авив и
Црвена звезда – Дарушафака.
Утре ќе бидат одиграни четири натпревари:
Уникс Казан – Барселона,
Фенербахче – Бамберг,
Панатинаикос – Жалгирис и
Басконија – Анадолу Ефес.