Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје со убедлива победа на гостувањето кај Бест во Гевгелија го комплетираа 15.коло од Првата кошаркарска лига. Првакот натпреварот го доби со 104:50 (23:13; 30:17; 34:9 и 17:11).
Со овој триумф МЗТ Скопје остана на првата позиција на табелата, додека нивниот денешен ривал Бест е и натаму последен без победа. За „металците“ ова беше посилен тренинг пред следниот натпревар од АБА лигата што на домашен терен го играат во понеделник (8.февруари) со Будуќност.
Табела: МЗТ Скопје 29 бодови, Карпош Соколи 27, Куманово 25, Фени Индустри 24, Кожув 22, Работнички 20, Струмица 18, Бест 15.