Убедлива победа на МЗТ Скопје против Струмица

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа очекувана победа во дуелот против Струмица, со 94-56 во дуел од Првата македонска лига.

На средбата одиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански’’ петмина кошаркари на МЗТ Скопје средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Актуелниот шампион до петнаесеттата победа го предводеа, Горјан Марковски со 16, браќата Урош и Марко Луковиќ кои постигна по 15, Дамјан Стојановски беше стрелец на 14, а Љубомир Младеновски додаде 12 поени.

Кај гостите од Струмица најефикасен беше Милош Андрејевиќ со 12 поени, а еден помалку постигна Златко Гоцевски.

Со ова беше комплетирано 16. коло во кое на претходно одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Куманово – Фени Индустри 82-74, Кожув – Карпош Соколи 60-71 и Бест – Работнички 62-78

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15-1 (победи-порази), Карпош Соколи 13-3, Куманово 11-5, Фени Индустри 9-7, Кожув 7-9, Работнички 6-10, Струмица 3-13 и Бест 0-16.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос