Убедлив триумф на МЗТ Скопје против Водњански лисици

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеа убедлива победа во дуелот со Водњански Лисици во домашниот шампионат.

На средбата од 3.коло на Првата лига, одиграна попладнево во СР „Јане Сандански“ екипата на МЗТ Скопје победи со 84:53.

Откако во првиот период се играше израмнето, а МЗТ го доби со само три поени разлика (17:14), во вториот избраниците на Врбица Стефанов заиграа одбрана на посакуваното ниво, па на противникот му дозволија да постигне само 6 поени, наспроти 27-те на аеродромци, кои на полувреме заминаа со предност од +24 (44:20).

Во вториот дел домаќинот продолжи во ист ритам, за на крајот да оствари победа со 31 поен разлика (84:53).

Во победничкиот тим сите кошаркари се запишаа во листата на стрелци, а тројца од нив имаа двоцифрен број на постигнати поени. Марко Симоновски постигна 13, Ненад Зивќевиќ еден помалку, а Урош Лучиќ средбата ја заврши со 10 поени.

Тренерот Врбица Стефанов им даде шанса на сите кошаркари, а од помладите својата минутажа ја искористи Адем Мекиќ, кој за 21 минута минати на паркетот имаше учинок од 7 поени, 4 скокови, 2 украдени топки и една асистенција.
Потсетување на постигнатите резултати на средбите од оваа рунда, одиграни изминатиот викенд: Работнички – Гоце Делчев 87:65, Кожув – Фени Индустри 80:70 и Соколи – Куманово 69:61.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос