Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со убедлив триумф без загубен гем го почна настапот во сингл на фјучрсот во Ниш (награден фонд 10.000 долари).
Јотовски го совлада Игор Баничевиќ од Србија со 6-0 и 6-0 во гемови. Тој во следното коло ќе игра против Лука Илиќ од Србија (719.место на АТП листа).
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари) загуби во второто коло од Доротеа Ериќ од Србија со 6-3 и 6-1 во гемови.
Ѓорческа за пласманот во второто коло ќе освои пет поени. За неа останува настапот во игра на двојки со Мелис Сезер од Турција. Тие како први носителки во четвртфиналето ќе играат против Бојана Маринковиќ од Србија и Лаура Пиџоси од Бразил.