ТВ дебата на кандидатите за претседател на ФИФА

Од:

Британските телевизиски гиганти Би-Би-Си и Скај’ ги поканија четворицата кандидати за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) да учествуваат во ТВ дебата, пред изборите закажани за месец мај.

Влијателните лондонски телевизии испратија писмена покана со предлог сите кандидати за прв човек на ФИФА да учествуваат во едночасовна дебата, на која ќе ги презентираат своите програми и визии за развој за „најважната споредна работа во светот“ – фудбалот.

Покрај директните преноси на телевизиите, дебатите ќе бидат директно емитувани и на интернет страните на ТВ каналите, како и на социјалните мрежи, од каде ќе бидат црпени и прашања кои ќе доаѓаат од публиката и гледачите низ целиот свет.

Покрај актуелниот претседател, 78-годишниот Сеп Блатер, кој се кандидира за својот петти мандат, во трка за претседателското место се и заменик-претседателот на ФИФА, принцот Али бин Ал-Хусеин од Јордан, легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго и првиот човек на холандскиот фудбал Мајкл ван Праг.

Досега, од поканите, подготвеност да учествуваат на дебатата изразија принцот Ал-Хусеин и Фиго.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски