Турски медиуми: Ѓоковиќ преминува во Исламот

Од:

Турскиот весник „Милијет” како и телевизискиот канал „CNN Турк”, наседнаа на лажна вест, која се прошири на интернетот, дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе ја промени верата поради случувањата во Газа и ќе стане муслиман.

Се започна откако една хумористистична интернет страница ја палсира веста, па со неверојатна брзина започнаа да ја пренесуваат сите водечки турски медиуми. Веста прв ја објави дневниот весник „Милијет“, чиј што дневен тираж изнесува 200.000 примероци, а кој во своето електронско издание информира дека Ѓоковиќ е потресен од израелскиот терор во појасот Газа и дека сакајќи да изврши притисок на светските лидери да интервенираат и да го спречат крвопролевањето, одлучил да стане муслиман.

10592134_10204396657902450_33865512_n

-Ѓоковиќ разговарал со своето семејство пред да ја донесе одлуката- стои во текстот која што е објавен во електронското издание на „Милијет“.

„CNN Turk“ на својата интернет страна наведе дека српскиот тенисер донирал 500.000 долари за загрозените деца во Газа и дека заедно со Роналд е во постојан контакт за да соберат што повеќе пари за загрозените.

Но српски Блиц пишува дека турските медиуми наседнале на сатиричните вести на српските портали.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров