Tурција нов ривал на македонските кошаркари

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе одигра уште еден пријателски натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство. Во Каунас како дел од„ Хуавеи купот“ Македонија ќе игра против селекцијата на Турција.

Двете репрезентации вчера ги загубија натпреварите на овој турнир. Македонија беше поразен од домаќинот Литванија со 68:62, додека Турција загуби од Хрватска со 74:66.

Нашиот денешен ривал во понеделникот беше поразен од Литванија со 86:74, додека Македонија првиот ден не играше бидејќи Хрватска го откажа дуелот.

Почетокот на денешниот натпревар меѓу Македонија и Турција е во 15:45 часот, а потоа е и дуелот меѓу Литванија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос