Тренерот на актуелниот европски првак Челзи, Томас Тухел, оцени дека сезонава нема изразит фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони, која продолжува вечерва со натпреварите од првото коло во групната фаза.
– Има многу тимови, кои сезонава можат да ја освојат Лигата на шампиони. За таков подвиг потребна е среќа, моментум и добра екипа. Ова натпреварување е многу отворено, изјави Тухел за официјалниот сајт на УЕФА.
Актуелниот европски првак вечерва на домашен терен ќе игра против Зенит во рамки на воведното коло во групата Х, во која во истиот термин од 20:45 часот Јувентус му гостува на Малме.
Покрај натпреварите во групата Х, денеска на програмата се и првите натпреварите во групите Е (Барселона – Баерн, Динамо Киев – Бенфика), Ф (Јанг Бојс-Манчестер јунајтед, Виљареал – Аталанта и Г (Лил – Волфсбург, Севиља – Салцбург).