Трпението на Челзи кон Мората е потрошено, во јануари ќе купуваат нов напаѓач

Од:

Трпението на спортско-техничкиот штаб на Челзи кон напаѓачот Алваро Мората е потрошено и од клубот ќе бараат нов напаѓач во јануарскиот трансфер периор, тврди „Сан“.

Шпанецот премина од Реал Мадрид во Челзи во текот на летото 2017 година за 65 милиони фунти, но не успеа да се адаптира на најдобар можен начин во тимот на „сините“.

Оваа сезона Шпанецот постигна три гола на 11 натпревари за тимот на „Стемфорд Бриџ“. Во својата прва сезона со синиот дрес, Мората постигна 15 гола во 48 натпревари.

Извори од Челзи тврдат дека клубот сепак не може да чека повеќе и ќе почне да бара играч кој не само што ќе поситгнува барем по 20 гола во сезона, туку и ќе биде дополнување на креативната моќ на тимот во првите редови, пособено кога Челзи е кандидат за титулата во Премиер Лигата.

Една од алтернативите на Маурицио Сари во овој состав е Французинот Оливие Жиру.

Според медиумите во Англија, варијанти пред Челзи за замена на Мората би можеле да бидат Роберт Левандовски од Баерн Минхен, Един Џеко од Рома или Карим Бензема од Реал Мадрид. Во текот на летото, тимот одби да потпише договор со аргентинскиот стрелец Гонзало Игуаин, кој замина во Милан.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда