Српскиот тенисер Виктор Троицки е позитивен на коронавирусот. Тој пред десетина дена играше на Адриа турнирот во Белград, а минатата недела беше учесник на Шампионатот на Источна Европа, од кој се повлече поради повреда.
Меѓутоа, се испостави дека тој е позитивен на Ковид-19.
„Точно е дека јас и сопругата сме позитивни. Таа се тестираше во петокот, а ќерката и јас во неделата откако дознавме дека таа е позитивна. Ќерката е негативна, а сопругата и јас позитивни“, вели српскиот тенисер.
Троицки е третиот учесник на Адриа турнирот кој е позитивен на коронавирус, по Григор Димитров и Борна Чориќ.
Новак Џоковиќ денеска се тестираше за Ковид-19, а утре ќе ги добие резултатите, по што ќе се обрати до јавноста.