Шпанецот Рафаел Надал победи на тунирот во Хамбург откако во финалето го победи Фабио Фоњини од Италија со 2:0 во сетови.
Двата сета Надал ги доби со 7:5 во гемови за 2 часа и 34 минути.
Надал по 2008 година вторпат триумфира на турнирот во Хамбург, а Фоњини остана на победата од 2013 година. Воедно со овој триумф Надал му се реваншираше на Фоњини за двата пораза оваа година во Рио де Женеиро и во Барселона.
Во првиот сет резултатот беше изедначи без предност, а Надал го доби 12. гем за 7:5. Во вториот сет Надал поведе со 3:1 во гемови, а потоа следеше серија од 4:0 на Фоњини за 5:3, кој не искористи и сет топка при резултат 5:4 во гемови. Надал ја врати серијата со 4:0 и го доби сетот со 7:5. Решавачко за победата беа дури 60-те неизнудени грешки на Фоњини.
Ова за Надал е 47.титула освоена на земјена подлога и заработи 311.775 евра од наградниот фонд на турнирот.