Триумф на Федерер на мастерсот во Шангај

Од:

Швајцарецот Роџер Федерер е победник на тенискиот АТП Мастерст турнирот во Шангај, кој се играше за наградниот фонд од 4,2 милиони долари.

Федерер во финалето го совлада Французинот  Жил Симон во два сета со 7:6 и 7:6. Во првиот сет кој траеше 54 минути, се водеше голема борба. Иако Французинот започна одлично и имаше водство од 3:0, сепак Федерар успеа да го приведе првиот сет до тај-брејк кој го доби со 8:6 за водство од 1:0.

И во вториот сет беше налик на првиот. Симон имаше две сет топки на сервис на противникот, но Федерер успеа да се избори за израмнување и нов тај-брејк, кој го доби со 7:2 на поени, за конечни 2:0 во сетови.

Ова беше петта победа за Федерер во седмиот меѓусебен дуел со Симон, кој и натаму останува без трофеј од АТП Мастер 1000 серијата.

Трофејот во Шангај е вкупно 81-ви во кариерата за швајцарскиот тенисер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров