„Тридент“ го произведе најбрзиот дизелаш на светот „Ицени“

Од:

Британскиот производител на автомобили „Тридент“ го најави почетокот на продажбата на својот суперавтомобил „Ицени“, а во оваа компанија тврдат дека станува збор за најбрзиот спортски автомобил со дизел мотор на светот.

За погон е употребен 6.6-литарски турбо-дизел В8 мотор што произведува 400 кс (294 кW) и 948 Нм максимален обртен момент.

Според фабричките податоци, автомобилот во својата основна варијанта е во состојба од место до „стотка“ да стигне за 3,7 секунди, додека максималната брзина надминува 305 километри на час.

За оние на кои ваквите перформанси не им се доволно добри, „Тридент“ нуди унапредена верзија што располага со 435 кс (320 кW) и 1.286 Нм, како и тркачка варијанта кај која снагата на моторот се искачува дури до 669 кс (492 кW) а максималниoт обртен момент е 1.422 Нм.

Британската компанија истакнува дека благодарение на ниската потрошувачка, што при константна брзина од 115 километри на час изнесува 4,1 литри на 100 километри, и големиот резервоар, автомобилот со едно полнење гориво може да прејде и до 3.200 километри.

Како гориво, освен дизел, можно е да се користи и биодизел, палмино масло и масло од ленени семки.

„Тридент“ на купувачите ќе им понуди три каросериски верзии од овој автомобил, што ќе ја имаат ознаката „Ицени“, „Ицени Магна“ (фастбек) и „Ицени Вентурер“ (караван).

Почетната цена за основниот модел изнесува 96.000 фунти (околу 116.000 евра).

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска