Трицилиндерскиот TСИ мотор сега и во „Фабија“

Од:

По воведувањето во моделите „Октавија“ и „Рапид“, „Шкода“ планира трицилиндерскиот ТСИ мотор сега да го нуди и во моделот „Фабија“.

Модерниот едно литарскиот трицилиндерски турбо-бензински мотор TСИ во „Фабија“ ќе го замени 1,2 литарскиот четирицилиндерски мотор, а без оглед на намалената работна зафатнина и еден цилиндер помалку, моторот нуди поголем вртлив момент и пониска просечна потрошувачка на горивото.

TСИ 1.0 ќе се нуди во две каросериски верзии на „Фабија“, а купувачите ќе можат да изберат меѓу две нивоа на моќност (95 и 110 коњски сили). Во однос на стариот 1,2-литарски мотор, трицилиндерската опција нуди дополнителни 25 Њутн метри вртлив момент, што вредноста на најголемиот вртлив момент ја покачува на солидни 200 Њутн метри.

Чешката компанија тврди дека новиот мотор во просек е шест отсто по економичен, а дел од заштедата отпаѓа и на значително намалување на тежината на самиот мотор кој е направен од алуминиум.

„Шкода“ исто така потенцира дека моторот е оптимално избалансиран, со што во голема мера е анулирана вибрацијата која традиционално ги има во трицилиндерските опции. Со соодветна звучна изолација на патничкиот простор, анулиран е и карактеристичниот звук на наведената конфигурација.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска