Три победи на гостите во кошаркарската Евролига

Од:

Три гостински екипи остварија победи на четирите одиграни натпревари синоќа во рамките на 7. коло од ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига.

Најголемото изненадување го направи АЛБА Берлин со триумфот во Тел Авив кај европскиот шампион Макаби.

Резултати на синоќешните дуели: Макаби – АЛБА 59:66, Нижни Новгород – Олимпијакос 82:91, Жалгирис – Реал Мадрид 71:88 и Барселона – Галатасарај 82:70.

Вечерва се играат дуелите: Анадолу Ефес – Фенербахче, ЦСКА – Емпорио Армани, Лаборал – Уникаха и Панатинаикос – Црвена Звезда.
Табела Е група: Реал Мадрид 6-1 (победи-порази), Макаби 5-2, Панатинаикос 4-2, Барселона 4-3, АЛБА Берлин 3-4, Галатасарај 2-5, Жалгирис 2-5, Црвена Звезда 1-5.

Табела Ф група: Олимпијакос 6-1, ЦСКА Москва 5-1, Фенербахче 4-2, Анадолу Ефес 4-2, Лаборал 2-4, Нижни Новгород 2-5, Уникаха 1-5, Емпорио Армани 1-5.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска