Три победи и еден пораз за македонските тенисери на фјучрс турнирите

Од:

Македонските тенисери денеска имаа богата програма и настапи на фјучрс турнирите на кои постигнаа три победи и еден пораз во поединечна конкуренција.

Димитар Грабул во 1. коло на турнирот во Коксиде како носител број 5 го совлада Германецот Ленарт Цинга со 6:3 и 7:5 во гемови. Противник во следното коло ќе му биде победникот од мечот Џејмс Стром и Омар Салман.

Успешен старт на турнирот во Анкара имаше и Бесир Дургути, кој со 2:1 во сетови го победи белгискиот тенисер Олаф Де Верт. По сетови мечот беше: 6:3: 1:6 и 6:4 за Дургути, кој во 2. коло ќе игра со првиот носител Никола Милоевиќ од Србија.

Само еден гем загуби Лина Ѓорческа во 1. коло на турнирот во Брчко. Таа беше подобра од Словенката Наталија Шипек со 6:1 и 6:0 во гемови. Следна ривалка и е Анита Хусариќ од Босна и Херцеговина.

Единствено Томислав Јотовски беше поразен на стартот на турнирот во Нови Сад. Поуспешен од него беше Марко Ѓоковиќ (брат на Новак Ѓоковиќ) со 6:1 и 6:2 во гемови.

Утре на истиот турнир ќе настапи и Стефан Мицов, кој за противник го има вториот носител Адриан Партл од Словачка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров