Три медали за Македонците на Светскиот карате куп во Умаг

Од:

Македонските каратисти Моника Пендаровска, Петар Заборски и Абдурахим Идризи освоија сребрени медали на ВКФ младинскиот карате куп во Умаг, Хрватска.

Петар Заборски (-75 кг, У-21) во борбата за златото загуби од Робин Ретенбахер (Австрија) со судиско изјаснување.

Моника Пендаровска (-55 кг У-21) во финалето беше совладана со минимален резултат од 1:0 од Естонката Ли Лирисман.

Абдурахим Идризи во финалето во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција во дисциплината борби (кумите), загуби од Алехандро Ортиз Фернандез од Шпанија со 3:0.

Тренерот на Макпетрол чии членови се тројцата медалисти изјави дека постигнатиот резултат е голем успех за клубот и за македонското карате.

– Ова е многу голем успех на младите каратисти од карате клубот Макпетрол. Само да потсетиме дека сите тројца се носители на медали од досегашните изминати европски првенства и се стандардни репрезентативци на Македонија. Затоа јас можам само да кажам дека како клуб многу сме задоволни како ја преставуваме нашата држава на интернационална сцена. Некако како по инерција секоја година од најсилните европски и светски натпреварувања нашите каратисти не радуваат со големи постигнувања и успеси, истакнува Бошко Заборски.
На ова најмасовно натпреварување, на Светскиот куп учествуваа 1247 каратисти од 56 држави.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“