Три гласа го делеа Лазаров од влез во идеалниот тим на АСОБАЛ

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и нов член на Барселона само за три гласа не успеа да влезе во идеалниот тим на шпанската АСОБАЛ лига.

Ракометните навивачи од Шпанија и Европа во идеалниот тим на АСОБАЛ за сезоната 2012/13 „сместија“ четворица играчи на Барселона и тоа голманот Даниел Шариќ, кој доби 24,9 % од гласовите, потоа левото крило Хуанин Гарсија со 47,8 %, десното крило Виктор Томас со 28,5 % и левиот бек Сергеј Рутенка со 32,1 %.

Досегашниот клуб на Лазаров, Атлетико Мадрид, даде двајца во најдобриот состав на лигата – кружниот напаѓач Хулен Агинагалде доби 52,2 %од гласовите, а средниот бек Јоан Кањељас 14,6 %.
Од гласовите на анкетираните за позицијата десен бек на која настапува македонскиот интернационалец во идеалната седморка влезе Алекс Душебаев, кој минатата сезона играше во Арагон и доби 27,4 % од гласовите.

Виран Морос од Барселона е прогласен за најдобар дефанзивец, Гонзало Порас од Ваљадолид е најдобар дебитант, а Хесус Гонзалез од Натурхаус Ла Роха е избран за најдобар тренер.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa