Трети натпревари во кошаркарскиот плеј-оф

Од:

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија вечерва ќе се играат третите натпревари од полуфиналето во плеј-офот.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром е на чекор до пласман во ново финале. Аеродромци веќе имаат предност од 2-0 во победи во дуелот со Фени Индустри, па доколку вечерва забележат победа ќе обезбедат место во големото финале. Овој меч ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.

Во истиот термин (19 часот), но во СЦ „Борис Трајковски“ својата трета пресметка во полуфиналето ќе ја имаат екипите на Карпош Соколи и на Куманово. На изминатите две, домашниот терен беше предност за екипите кои играа пред своите симпатизери, па резултатот во моментов е израмнет 1:1 во победи.

Полуфиналната серија се игра во три добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос