Трета победа во серија за МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа третата победа во серија во АБА лигата откако вечерва во рамките на 7.коло во СЦ „Јане Сандански“ ја победија Цибона со 69:68 (16:17; 21:15; 15:21; 17:15).

Во текот на целиот натпревар дуелот беше изедначен, а на полувремето македонскиот првак водеше со 37:32. Во вториот дел гостите по десет минути игра стигнаа и до водство од 53:52. На стартот од последниот период Цибона поведе со 56:52, но потоа следуваше решавачката серија (12:0) на МЗТ Скопје за победа.

Ѓорѓе Дреновац со 18 поени беше најефикасен, додека Марко Луковиќ постигна 13.
Вечерва се игра уште еден натпревар од 7.коло: Цедевита – Задар, додека колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Металац и Црвена Звезда.

На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Тајфун – Мега Лекс 60:64, Олимпија – Будуќност 63:67, Партизан – Крка 69:70, Игокеа – Сутјеска 75:58.

Табела: Будуќност 6-1 (победи-порази), Мега Лекс 5-2, Олимпија 4-3, Игокеа 4-3, МЗТ Скопје Аеродром 4-3, Црвена Звезда 4-2, Цедевита 4-2, Крка 3-4, Партизан 2-5, Сутјеска 2-5, Тајфун 2-5, Цибона 2-5, Металац 3-3, Задар 2-4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос