Трет пораз за Карпош Соколи во АБА лигата

Од:

Екипата на Карпош Соколи претрпе уште еден пораз во регионалната кошаркарска АБА лига, откако синоќа во Бар беше совладана од Морнар со убедливи 83:59.

„Соколите“ лошо го отворија натпреварот и по првиот период имаа негатива од 14 поени (10:24). Следуваа две добри четвртини за македонскиот тим по кои разликата падна на само пет поени, а во еден момент од третиот период беше само 50:49 за црногорскиот тим. И кога се чинеше дека „Соколите“ имаат сили за целосен пресврт следуваше голем пад во играта во последните десет минути по што домаќинот стигна до убедлив триумф.

Зоран Вркиќ со 13 поени беше најефикасен кај македонскиот клуб додека Кендрик Пери и Урош Дувњак запишаа по 11 поени.

Во победничката екипа најдобар стрелец беше Кол Дикерсон со 19 поени.

Со овој дуел беше комплетирано третото коло по кое со максимални три победи се екипите на Црвена звезда, Партизан и Будуќност, додека македонските претставници МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи се уште не се имаат израдувано на победата.

Денес стартува 4.коло со средбата во Загреб меѓу Цедевита и Задар. Другите натпревари од оваа рунда се играат утре и задутре.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос