Трет пораз на македонските кошаркарски надежи

Од:

Кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство дивизија Б, кое се одржува во Софија Бугарија.

Откако загубија од Словенија и Норвешка, избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ денеска се поразени и од репрезентацијата на Финска со 64:56.

Иако до 33-минута нашите кошаркари беа рамноправни, а негативата изгасуваше само три поени разлика (43:40), сепак следуваше огромен пад во играта кој резултираше со само 1 постигнат поен за речиси осум минути, па Данците во 35-минута имаа предност од +13 поени (54:41).

До крајот на натпреварот скандинавците рутинирано знаеа да ја сочуваат предноста и на крајот славеа со конечни 64:56.

Филип Бакоч со „дабл-дабл„ учинок од 13 поени и 10 скокови беше нашиот најистакнат играч на овој натпревар.

Со овој пораз од Финска македонските кошаркарски надежите ги загубија шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и пласман во следната рунда.

Во вториот натпревар од 3.коло во групата Ц денеска ќе играат и Норвешка – Швајцарија, додека селекцијата на Словенија е слободна.

Табела: Словенија 2-0 (победи-порази), Финска 2-0, Норвешка 1-1, Македонија 0-3 и Швајцарија 0-1.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос