Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи вечерва го играат третиот натпревар од финалната серија од плеј офот за шампионската титула. Двата тима на претходните дуели ја искористија предноста на домашниот терен и постигнаа победи, па така резултатот во добиени натпревари е 1-1.
Во таборите на двата тима најавуваат внимателност во пресрет на вечерашниот дуел, со респект за противникот. Тренерите Анте Назор (МЗТ Скопје) и Драган Николиќ (Карпош Соколи) најавуваат голема борба. Првакот МЗТ Скопје се реши за овој натпревар влезот во салата да биде слободен со можност што е можно повеќе љубители на спортот да го следат дуелот. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Следниот натпревар ќе се игра на 21.мај недела, кога може да биде познат и правкот се разбира доколку истата екипа победи на денешниот натпревар и на тој што ќе се игра во недела.